СКОПЈАНЕЦ НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА, НА СИНОТ МУ ИЗВАДИЛ НОЖ КОГА ГО ПРАШАЛ ЗОШТО ГИ УДРИЛ, А МАЈКАТА ЈА ГРАБНАЛ И ЈА ПРЕТЕПАЛ

    СКОПЈАНЕЦ НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА, НА СИНОТ МУ ИЗВАДИЛ НОЖ КОГА ГО ПРАШАЛ ЗОШТО ГИ УДРИЛ, А МАЈКАТА ЈА ГРАБНАЛ И ЈА ПРЕТЕПАЛОд обвинителството велат дека до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. (архивска фотографија)

    Скопското обвинителство отвори истрага против 65-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривични дела Насилство и Предизвикување општа опасност, откако на 27 декември предизвикал сообраќајка, а потоа и ги нападнал физички оштетените мајка и син.

    Како што велат од обвинителството, на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром, осомничениот првин удрил во возилото на оштетените, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвен семафор. Оштетениот потоа тргнал со возилото по осомничениот и на следната крстосница излегол за да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.

    Исплашен, оштетениот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, повторно удирајќи во возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла и мајката, осомничениот ја фатил за коса и започнал да ја влече, насилно ја турнал во неговиот автомобил и започнал да вози во правец кон Лисиче.

    По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи и се дека ќе ја фрли во Вардар. На тој начин на оштетената и нанел тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок, а кај сведоци на настанот предизвикал чувство на загрозување и страв.

    Од обвинителството велат дека до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира