СКОПЈЕ, БИТОЛА И ГОСТИВАР ЌЕ ДОБИЈАТ ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛИ

    СКОПЈЕ, БИТОЛА И ГОСТИВАР ЌЕ ДОБИЈАТ ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛИПо еден денар од продажбата на секое шише вода Роса од 1,5 литри, ќе се издвојува за проектот за отворање на школи за родители, кажа Родерик Розенбаум, комерцијален директор на Пивара Скопје (Фото: СДК.МК)

    Школи за родителство во поликлиниката Јане Сандански во Скопје, во Клиничката болница во Битола и во општата болница во Гостивар, ќе се отворат преку проектот на компанијата Пивара Скопје и Министерството за здравство, кој стартуваше денес. Со проектот е предвидено отворањето на овие школи да се финансира со по еден денар од секое продадено шише вода Роса од 1,5 литри, а во школите ќе се врши едукација на идните родители и членови на нивните семејства за предизвиците со кои ќе се сретнат откако ќе добијат бебе.

    Родерик Розенбаум, комерцијален директор на Пивара Скопје кажа дека со овој проект компанијата ја потврдува својата определба да биде долгогодишен партнер и поддржувач на добросостојбата на сите граѓани и на заедницата.

    „Роса школите за родителство се особено значајни за нас како компанија, бидејќи се први школи од ваков вид во јавниот сектор и искрено се надевам дека преку нив ќе успееме да направиме позитивен придонес во здравството“, кажа Розенбаум.

    Просториите каде ќе бидат сместени школите ќе бидат комплетно реновирани и опремени со мебел и опрема за одржување на работилниците.

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во рамки на школите ќе вклучат и патронажни служби заедно со обучен и стручен тим од педијатри, гинеколози и акушерки, кои ќе ги обучуваат младите родители за одговорно родителство.

    „Во обуките акцент ќе се стави на здрав начин на исхрана на бремените жени, совети за подготовка за породување, нега и исхрана на новороденчето, значење на доењето и други корисни работи“, кажа Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира