СКОПЈЕ ГОРИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКОПЈЕ ГОРИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Шарената револуција со факели го осветли Скопје. Чад и оган имаше на улиците од МНР кон Влада.

    Со скаднирање „Нема правда нема мир“ и „Шутка не ти бега Никола“ тие стигнаа пред Влада. Вечерва се најмалубројни, но гласни како на стадион.

    Шарените револуционери пред да дојдат до Влада уште еднаш го обоија Собранието. Со качулки на главите и маски на лицата двајца демонстранти на асфалтот напишаа „Ма какво распуштање, нема опуштање“.

    Пред Собрние се пуштаа бомби за изброните нерегуларности. Демонстрантите беа раширени до паркот „Жена – борец“. Под Прометеј тие држеа транспарент „Повторно ќе го победиме фашизмот“.

    Маршот на Шарената револуција денеска запре прво пред Собранието за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери.

    „Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност.“, пишуваше во најавата за денешниот протест.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари