СКОПЈЕ ЗАГАДЕНО ТРИ ДО ОСУМ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКОПЈЕ ЗАГАДЕНО ТРИ ДО ОСУМ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО

    Иако во Скопје времето е невообичаено топло и пријатно за овој дел од годината, главниот град претпладнево е загаден три до осум пати повеќе од дозволеното, во зависност од мерните инструменти во различни делови од градот.

    Фотографијата е направена од населбата Бардовци денеска околу 11.30 часот.

    Најзагадено утрово во девет часот, според податоците од Националниот портал за квалитет на воздух, било во Лисиче, каде мерните станици на Министерството за животна средина измериле загадување со суспендирани честички или ПМ10 од 400 микрограми на метар кубен. Мерната станица во Миладиновци измерила 370 микрограми на метар кубен ПМ10, а кај Ректоратот на УКИМ 280.

    Максимално дозволена концентарција на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен, што значи дека во Лисиче загадувањето било за осум пати поголемо од доволеното.

    Високи вредности на ПМ10 се измерени и во Карпош – 230, 180 во Центар и 170 во Гази Баба.

    На националниот портал за квалитет на воздухот дадени се и надминувањата на максимално дозволеното загадување што се регистрирани вчера, според кои надминување на дозволените 50 микрограми на метар кубен имало во цело Скопје.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира