СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ: РУСКИОТ ПАРТИЗАН КОЈ НАПРАВИ ПЛАЖА НА ВАРДАР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:415:"ИванЗатенкоеРусиноткојизградилколибавоблизинанаВардар,кајкојаодморалескопјаниодејќинаплажаикојапорадинегојанареклеРуска,авокојанаденешенденво1941годинаеформираниПрвиотскопскипартизанскиодред

    СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ: РУСКИОТ ПАРТИЗАН КОЈ НАПРАВИ ПЛАЖА НА ВАРДАР

    Нема скопјанец кој не слушнал за некогашната Руска плажа на Вардар. Приказни, случувања, вистини и митови од сеќавањата на стари скопјани се пренесуваат од генерација на генерација, но само неколкумина знаат да објаснат зошто оваа скопска плажа била наречена токму Руска плажа. Таа не била плажа на која се сончале Руси, како што многумина објаснуваат, но сепак ги има во приказната. Плажата скопјани ја нарекле Руска, оти во нејзина близина живеел Русинот Иван Затенко. Така им било најлесно да ја лоцираат. Тој бил партизан, хидротехничар, работел на регулација на Вардар, а во близина на Руската плажа имало канали кои ги надгледувал.

    Неговото семејство и денес живее во Скопје, во близина на некогашната Руска плажа. Синовите Зоран и Димитрие Затенко со семејствата живеат зад рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош, меѓу насипот за пругата по која поминувал возот Ќиро и насипот покрај Вардар.

    Русинот Иван Затенко бил партизан, хидротехничар, работел на регулација на Вардар, а во близина на Руската плажа имало канали кои ги надгледувал (фотографија од книга за НОБ)

    Русинот Иван Затенко бил партизан, хидротехничар, работел на регулација на Вардар, а во близина на Руската плажа имало канали кои ги надгледувал (фотографија од книга за НОБ)

    „Татко ми дошол во Скопје кога руската царска војска се повлекувала од Крит и останал да живее овде. Работел како хидротехничар, работно место му била реката, а живееле со мајка ми близу денешната Македонска опера и балет. Таму имале куќа, а татко ми секој ден од таму доаѓал овде во Карпош, оти тука имало канали преку кои се регулирала реката. По извесен период му се смачило секој ден да го проаѓа тој пат, па овде, во близина на тогашните канали си направил колиба, за да може да преспива. Тогаш ова место станало попатна станица на сите кои од Тафталиџе оделе на плажа. Минувале од тука, а татко ми си направил и пумпа за вода пред колибата, па луѓето застанувале да се напијат вода, да се измијат и да се одморат од патот оти оделе пешки. Го викале Русинот, па по кусо време и плажата почнале да ја викаат Руска“, вели Зоран Затенко, кому Иван Затенко му бил очув, го посвоил кога се оженил со мајка му Стојна.

    Браќата Затенко - Зоран и Димитрие (десно) со ќерка му Ива, крстена по дедо ѝ Иван, пред споменикот на Првиот скопски партизански одред

    Браќата Затенко – Зоран и Димитрие (десно) со ќерка му Ива, крстена по дедо ѝ Иван, пред споменикот на Првиот скопски партизански одред

    Колибата тогаш се наоѓала далеку од градот, среде високи дрвја и запуштен простор. Токму поради таквата локација, неколку години откако била изградена, партизаните ја одбрале како најдобра за во нејзе да го формираат Првиот скопски партизански одред.

    „Според кажувањата на татко ми, од овој дел од градот и полицијата си заминувала кога ќе почнело да се стемнува. Местото во Катастар било означено како Орман. Тоа што навечер никој не доаѓал било пресудно да одлучат да го формираат Првиот скопски партизански одред токму во колибата која ја изградил татко ми за да биде поблиску до реката. На 22 август 1941 година, татко ми заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ го формирале одредот кој имал вкупно 42 борци“, вели Зоран Затенко. Тој е 11 години постар од неговиот брат Димитрие Затенко, кој за татка си слушал само од сеќавањата на братот и на мајката оти имал две години кога починал Иван.

    „Тоа што навечер никој не доаѓал било пресудно да одлучат да го формираат Првиот скопски партизански одред токму во колибата која ја изградил татко ми за да биде поблиску до реката. На 22 август 1941 година, татко ми заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ го формирале одредот кој имал вкупно 42 борци“, -браќата Зоран и Димитрие се уште живеат близу Руска плажа

    „Тоа што навечер никој не доаѓал било пресудно да одлучат да го формираат Првиот скопски партизански одред токму во колибата која ја изградил татко ми за да биде поблиску до реката. На 22 август 1941 година, татко ми заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ го формирале одредот кој имал вкупно 42 борци“, -браќата Зоран и Димитрие се уште живеат близу Руска плажа

    „Мајка ми често ни кажуваше како татко ми им помагал на партизаните. Тој бил поддршка на партизаните од градот. Кога ќе чуел дека полицијата бара некого им јавувал и тие веднаш бегале в планина, а колибата им била сврталиште“, вели Димитрие.

    Колибата на Русинот и нејзината улога во формирањето на Првиот скопски партизански одред ја има во сите записи, а се споменува и во книгите посветени на одредот.

    Браќата Затенко денес живеат на темелите на колибата во која е формиран одредот.

    „Десетина години откако почина татко ми, дојдоа претставници на власта кај мајка ми да ѝ кажат дека сакаат да направат споменик на местото каде што е формиран Првиот скопски партизански одред. Бидејќи ние живеевме на местото на колибата, мајка ми им предложи споменикот да го изградат веднаш до нашата куќа, но тие избараа да го постават од другата страна на насипот за пругата, за да се гледа од Илинденска. Го поставија во 1981 година и од тогаш, секој 22 август, се одбележува формирањето на одредот. Многу често и нас не покануваат како гости, но и да не нѐ поканат ние сме тука, тука живееме“, вели Димитрие.

    Иако се сопственици на земјиштето, браќата Затенко мака мачат да ја легализираат куќата.

    „Додека сите барале пензии и станови од државата, татко ми побарал да му го доделат земјиштето на кое што ја изградил колибата, и го добил. Сега ние сме сопственици, но никако не можеме да ја легализираме. Колибата ја има и во првото фотометриско снимање на Скопје од 1934 година. Сега е изменета, проширена, две семејства сме“, вели Зоран.

    За среќа Општината, ако не повеќе пати, барем еднаш годишно, во пресрет на 22 август го уредува просторот околу споменикот на Првиот скопски партизански одред и околу домот на Затенко

    За среќа Општината, ако не повеќе пати, барем еднаш годишно, во пресрет на 22 август го уредува просторот околу споменикот на Првиот скопски партизански одред и околу домот на Затенко

    Зоран и Димитрие имаат уште еден полубрат, Бојко Затенко, син на Иван од друг брак. По смртта на татко им, Бојко ја добил куќата кај МОБ, а Зоран и Димитрие го добиле земјиштето покрај Вардар и колибата. Тие се подготвуваат за годинашното одбележување на формирањето на Првиот скопски партизански одред. Ги радува тоа што Општината, ако не повеќе пати, барем еднаш годишно, во пресрет на 22 август го уредува просторот околу споменикот и околу нивниот дом.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари