СКОПСКИ САЕМ ЌЕ СЕ УРИВА, ЌЕ СЕ ГРАДИ КОМПЛЕКС ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА

    СКОПСКИ САЕМ ЌЕ СЕ УРИВА, ЌЕ СЕ ГРАДИ КОМПЛЕКС ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА„Балфин груп“, што го изгради Скопје сити мол, неодамна го откупи имотот на банкротираниот Скопски саем од банките доверители за 21 милион евра

    На местото на Скопски саем од есента, 2018 ќе почне да се гради трговски центар , кој ќе биде првата инвестиција од поголемиот комплекс со станбени и деловни згради на површина од 155.000 метри квадратни, соопшти компанијата „Скопје Ист гејт“,  чиј мнозински акционер „Балфин груп“ го изгради трговскиот центар Скопје сити мол.

    Уривањето на Скопски саем ќе почне за 6-7 месеци.

    Вкупната инвестиција се проценува на 300 милиони евра. „Балфин груп“ неодамна го откупи имотот на банкротираниот Скопски саем од банките доверители за 21 милион евра.

    Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

    „Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Компанијата се потпира на успехот на Скопје Сити Мол и смета дека има потреба од нов поголем трговски центар.

    На парцелата на Скопски саем сопственик летово стана бугарската фирма „Кардфинанс“ ДООЕЛ, купувајќи го од НЛБ и од Комерцијална банка. Банките го презедоа Скопски саем поради неплатени долгови на претходниот сопственик, словенечката компанија ЕРА. На локацијата во 2008 беа направени првите чекори за изградба на гигантскиот комплекс „ЕРА сити“, но откако беше ископана огромна дупка до хотелот „Континентал“, градежните работи сопреа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира