СКОПСКИТЕ ГИМНАЗИИ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“, „КОРЧАГИН“ И „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ НЕ СЕ НАПОЛНИЈА ВО ПРВ РОК, ПРИЕМЕН ИСПИТ ЌЕ ИМА САМО ЗА ФАРМАЦЕВТИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

    СКОПСКИТЕ ГИМНАЗИИ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“, „КОРЧАГИН“ И „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ НЕ СЕ НАПОЛНИЈА ВО ПРВ РОК, ПРИЕМЕН ИСПИТ ЌЕ ИМА САМО ЗА ФАРМАЦЕВТИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИКСпоред видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно 4.606 ученици во гимназиско образование и 8.235 ученици во стручно образование. (Фото: К. Попов)

    Приемен испит поради пријавен поголем број ученици годинава ќе се полага во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, и тоа само за струката фармацевтски техничар на албански наставен јазик. На 26 јуни во 10 часот ќе се полага биологија и хемија.

    Министерството за образование и наука (МОН), соопшти дека годинава, за разлика од праксата со години, во првиот уписен рок не се пополнети местата во скопските атрактивни гимназии како „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“. Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование само за „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје.

    Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно 4.606 ученици во гимназиско образование и 8.235 ученици во стручно образование.

    Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни а, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни . Конечните ранг листи се објавија денеска.

    Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование, квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни. Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо тестирање ќе се објават истиот ден.

    Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до полноќ  и на 29 јуни до 10 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 07 часот до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

    Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули најдоцна до 12 часот, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

    Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

    Во првото пријавување вкупно се пријавија 16.007 ученици од кои 11.205 ученици за настава на македонски наставен јазик, 4.474 ученици за настава на албански наставен јазик, 322 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик. Во првото пријавување вкупно се запишаа 1.996 ученици од кои 9.655 учениици за настава на македонски наставен јазик, 3.101 учениик за настава на албански наставен јазик, 234 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира