СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“ ОТКАКО ВЛАДАТА ЈА СРУШИ

    СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“ ОТКАКО ВЛАДАТА ЈА СРУШИОд уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“ по налог на Владата.(Фото: К. Попов)

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење, соопшти Јавното обвинителство откако „Македонија пат“ утринава почна да го руши објектот по налог на Владата.

    Од Скопското обвинителство велат дека осомничениот во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.

    Надлежниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира