СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ИМААТ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА ЗА ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ ВЛАДИНИ

    СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ИМААТ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА ЗА ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ ВЛАДИНИСлужбената кола на ексвицепремиерот Фатмир Битиќи во 2020 беше паркирана на шеталиштето на Кејот во Скопје додека тој пиеше кафе во едно од кафулињата. (Фото: СДК.МК)

    Службените коли на Владата, министерствата и на државните институции ќе имаат регистарски таблички во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, со цел овие возила лесно да се препознаваат односно да се знае дека се на функционери.

    За таа цел, како  што велат од Владата, ќе се почне постапка за измена на два закона.

    „На предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото, односно на Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и на Законот за возила. Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување“, велат од Владата.

    Пракса на сите досегашни власти е службените возила да се користат за приватни и партиски цели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира