„СМЕШЕН ВИ Е СПОМЕНИКОТ“ И СЛОБОДАРСКИ РАП СО ЊУЈОРЧАНЕЦОТ СОЛ ВИЛИЈАМС ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „СМЕШЕН ВИ Е СПОМЕНИКОТ“ И СЛОБОДАРСКИ РАП СО ЊУЈОРЧАНЕЦОТ СОЛ ВИЛИЈАМС ВО СКОПЈЕ

    Њујорчанецот Сол Вилијамс, 44 годишен рапер, поет, музичар,  борец за човекови права, со издадени книги, со светски настапи на поетски фестивали, со голема дискографија, па и филмографија, настапи на втората вечер на 15.Офф фест во МКЦ во Скопје.

    Уметникот од целото срце набрзо по почетокот на концертот ја покажа својата активистичка природа симнувајќи се од сцената и настапувајќи меѓу публиката. Зборуваше, рапуваше, но и пееше во ритам на хип-хоп, хаус, денс, техно,  против сите влади, против сите режими, против сите религии, расизми, пееше во име на слабите, на угнетените, во име на слободата, демократијата, на идентитетот и едно време пееше дека од антика до денес живееме исто. „Во исти гомна сме“ рече, се подврати на сцената и надвор од стиховите додаде: „Смешен ви е споменикот“.

    Сол го заврши концертот со нарација во која зборуваше дека сите се раѓаме некаде, без да имаме избор каде сме се родиле.

    Вилијамс е на  турнејата на која го промовира последниот свој албум (Martyr Loser King) во кој зборува во име на измислен лик, рудар од Бурунди кој станува хакер и крева револуции низ целиот свет. Концертот на Вилјамс е проследен со коментари и ангажирани текстови на видеобим.

    Концертот кој официјално поради финалето на Лигата на шампиони се презакажа и започна по 23 часот, наместо во 20.30, продолжи со диџеј Батида од Португалија.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари