СМЕТКАТА НА 1ТВ БЕШЕ БЛОКИРАНА ОД УЈП И ДЕБЛОКИРАНА ПО УПЛАТА НА ДОЛГОТ

    СМЕТКАТА НА 1ТВ БЕШЕ БЛОКИРАНА ОД УЈП И ДЕБЛОКИРАНА ПО УПЛАТА НА ДОЛГОТБојан Јовановски на прославата на првиот роденден на телевизијата во друштво на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска. (Фото: Инстаграм)

    Управата за јавни приходи потврди дека сметката на телевизијата 1ТВ е блокирана. Оттаму не даваат информации и образложение поради кои причини е блокирана сметката на правното лице „1ТВ ДООЕЛ Скопје“, бидејќи, како што велат, обврзани се сите информации да ги чуваат како даночна тајна. Подоцна, од УЈП изјавија дека „по уплата од нивна страна, сметката е одблокирана“.

    „По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во информацијата испратена од УЈП.

    Како сопственик на  јавноста се претставува Бојан Јовановски- Боки 13. Беше отворена лани во март.

    На веб страната на телевизијата пишува дека написите за блокираната сметка се тендециозни и дека „менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда.“ Тие на веб страната објавија потврда од Прокредит банка дека сметката е активна.

    „Сметката на 1 Тв е активна и сите трансакции се изведуваат нормално.“, стои на страницата на телевизијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира