СМЕТКАТА НА ГИНЕКОЛОГИЈА БЛОКИРАНА ПО ИЗВРШНИ СУДСКИ РЕШЕНИЈА ОД 660.000 ЕВРА ЗА ОСЛЕПЕНИ БЕБИЊА

    СМЕТКАТА НА ГИНЕКОЛОГИЈА БЛОКИРАНА ПО ИЗВРШНИ СУДСКИ РЕШЕНИЈА ОД 660.000 ЕВРА ЗА ОСЛЕПЕНИ БЕБИЊАОд сметката на клиниката симнати се 666.000 евра по судски тужби за предвреме родени бебиња во 2008 година, кои го изгубиле видот додека биле во инкубатор на интензивна нега (Фото: М.Златевска)

    По втор пат годинава блокирана сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство, поради исплата на извршни судски решенија.

    Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, вели дека вчера со извршно решение од сметката на клиниката се симнати 40,9 милиони денари или 666.000 евра за по судски одлуки за процеси водени против Клиниката за појава на ретинопатија кај новороденчиња во 2008 година.

    Во февруари исто така од сметката на Гинекологија беа симнати 150. 000 евра по судски решенија за бебиња кои го изгубиле видот додека биле на интензивно лекување во инкубатори на Клиниката како предвреме родени.

    „Иако овие случаи се од 2008 година и иако државата тогаш немала скрининг програма за ретинопатии за вакви случаи сите што тужат сметката треба да ја плати Клиниката. Минатиот пат исто така ни беше блокирана сметката од извршни решенија, ни ја одблокираа и сега пак дојдоа за наплата со извршни решенија“, вели Јовановска.

    Од Гинекологија велат дека ова се случаи на ретинопатии или оштетување на видот кај новороденчиња родени пред 10 години со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост.

    Од Гинекологија велат дека во моментов располагаат со доволно средства за нормално функционирање на Клиниката и дека во најкус рок ќе ја надминат оваа состојба.
    „Но и покрај блокираната сметка Клиниката нормално работи и нема да дозволиме да запре работата“, вели Јовановска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира