СМЕТКИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ СЕ ЗАТВОРААТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:423:"СметкитенаЦрвенкрстсеединственитеотворенизапомошнапоплавенитезакоиседаваотчетзасостојбатасекојден.Колкупарииманаостанатитесметкиотворенинаименахуманитарнапомошзапоплавените,никојјавнонесоопштува";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СМЕТКИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ СЕ ЗАТВОРААТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    Црвен крст ќе ја продолжи акцијата за донирање пари за помош на поплавените до понеделник, 29 август, соопштија денеска од Црвениот крст. Продолжувањето од 7 дена, од Црвен крст велат дека е поради тоа што се уште има интерес за донирање, но и за релизација на веќе најавени и потврдени донации.

    По завршување на акцијата парите ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

    На сметката на Фондот за солидарност досега се собрани 32.372.244 денари, а 13.186.000 денари се собрани од телефонските повици.

    Сметките на Црвен крст се единствените отворени за помош на поплавените за кои се дава отчет за состојбата секој ден. Колку пари има на останатите сметки отворени на име на хуманитарна помош за поплавените, никој јавно не соопштува.

    Заинтересираните граѓани, фирми и институции имаат време уште една недела да донираат на жиро сметката на Фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или да се јават на телефоните : 075/070/077 143 400 каде што со секој повик се донира по 100 денари.

    Црвениот крст апелира за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и на Црвениот крст, со цел поефикасно справување со последиците.

    Од утре, 23.08.2016 година, помошта во материјални добра може да се предаде во магацинте на Црвен крст во Момин поток во Скопје од 08.00 до 18.00 часот.

    Телефонот за контакт е 3096-227.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира