СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 62.9 ОТСТО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 62.9 ОТСТО ЗА ЕДНА НЕДЕЛАВо земјава досега по компликации од ковид-19 починаа 3.098 болни. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Смртноста од ковид-19 во земјава е зголемена за 62,9 отсто во периодот од 15 до 21 февруари, за разлика од изминатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови. Во однос на возраста, 65 лица биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.

    Од 15 до 21 февруари тестирани се 15.849 материјали, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).

    Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (445; 19,2%), 40-49 (442; 19,1%), 50-59 (413; 17,8%) и 20-29 (300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (38; 1,6%) и 10-19 години (107; 4,6%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.

    Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на ковид-19. Оздравеа 90.311, починаа 3.098, а активни се 7.223. Вчера имаше 410 слободни места во Ковид-центрите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира