СНИМАТЕЛИТЕ ПОБАРАА СО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ НАПАДОТ НА МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ДА СЕ СМЕТА ЗА НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ

    СНИМАТЕЛИТЕ ПОБАРАА СО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ НАПАДОТ НА МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ДА СЕ СМЕТА ЗА НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕБарање на снимателите доаѓа откако вчера беше нападнат Љубиша Игнатов, снимател на ТВ 24, додека снимаше прилог во скопско Пржино. (Фото: МИА)

    Секцијата на сниматели при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска побара законски измени со кои нападот врз медиумските работници ќе се смета како напад врз службено лице. Ваквото барање на снимателите доаѓа откако вчера беше нападнат Љубиша Игнатов, снимател на ТВ 24, додека снимаше прилог во скопско Пржино.

    „Ние како сниматели постојано сме на мета на напади било од граѓани или други. Апелирам до институциите конечно да го решат статусот на медиумските работници, секој напад врз нас да биде третиран врз службено лице“, кажаа од секцијата на сниматели на прес-конференција пред Собранието.

    Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски побара од МВР побрзо и поефективно решавање и на случаите на говор на омраза на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира