СО ДЕНОВИ ПРАШАЊА ЗА ЈАНЕВА, НЕМА ВРЕМЕ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЗВРЛЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ДЕНОВИ ПРАШАЊА ЗА ЈАНЕВА, НЕМА ВРЕМЕ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЗВРЛЕВСКИ

    Надежите дека првпат во историјата на плурална Македонија ќе застане државен обвинител пред собраниска комисија и ќе образложи Годишен извештај за работата на Обвинителството бледнеат, бидејќи се уште, според бројот на пријавените дискутанти за реплика кон извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем, таа и денеска останува на дневен ред.

    Од средата наваму, се зборува само за извештајот на СЈО и никако да дојде на ред втората точка од дневниот ред – Годишен извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

    Не само што речиси не остана време за Извештајот на Зврлевски во Комисијата, туку и пленарната седница, на која беше закажана собраниска расправа за двата извештаја, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски штотуку ја одложи за 14 часот поради немање кворум. Сите пратеници се во салата на Комисијата за политички систем, во која се пристигнати Јанева и Зврлевски, но седницата и натаму е заглавена во процедурални забелешки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира