СО ДОНАЦИЈА ОД САД СУДНИЦИТЕ ВО КРИВИЧЕН СУД ДОБИЈА ОПРЕМА ЗА СНИМАЊЕ НА СУДЕЊАТА

    СО ДОНАЦИЈА ОД САД СУДНИЦИТЕ ВО КРИВИЧЕН СУД ДОБИЈА ОПРЕМА ЗА СНИМАЊЕ НА СУДЕЊАТАНа промоцијата на аудиоопремата во Кривичен суд денеска беше американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, која присуствуваше и на едно судско рочиште што се снимаше. (Фото: К. Попов)

    Со донација на амбасадата на Соединетите Американски Држави, од денес судниците во Основниот кривичен суд имаат опрема за аудиоснимање на судењата. Опремени се 25 судници, и со тоа повеќе на судењата нема да има потреба да се води записник, односно да се запишува сѐ што кажеле судиите, адвокатите, обвинителите, обвинетите.

    На промоцијата на аудиоопремата во Кривичен суд денеска беше американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, која присуствуваше и на едно судско рочиште кое се снимаше.

    „Овој процес е важен во напорите за владеење на правото. Со ваквата опрема ќе се зголеми транспарентноста на судските процеси и довербата на граѓаните во институцијата. Сега судиите и адвокатите ќе се фокусираат на тоа што го зборуваат. Процесите ќе биде поефикасни, а странките ќе добијат аудиозапис од одржаното рочиште“, кажа амбасадорката Брнз.

    Новата опрема ќе биде поврзана со АКМИС системот.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари