СО ДВА КОМПРЕСОРА СЕ ШАРА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ДВА КОМПРЕСОРА СЕ ШАРА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

    Шарената револуција со два компресора ја шара фасадата на Министерството за правда. Додека едни со црева истураат боја насекаде по барокната зграда, други скандираат „Николче диктаторче“, „Вие ќе го апсите“, „Шутка не ти бега Никола“ и „Долу диктатура“.

    Кордон полицајци вечерва го блокира пристапот кон Плоштадот Македонија кај споменикот на Христо Узунов. Демонстрантите извикуваат „Полициска држава“ и „Нема првда нема мир“, а неколкумина побараа од еден од полицајците на микрофон да им се обрати на демонстрнтите. Тој одби па тие продолжија да свират со труби и свирчиња. Чекаат да заврши шарањето за да продолжат кон Собрание.

    На централниот транспарент е испишана порката „Вистински државници не се закануваат на граѓаните“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари