СО ДВЕ КОФИ ЛЕПЕШКИ ПО ОПШТИНА БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ДВЕ КОФИ ЛЕПЕШКИ ПО ОПШТИНА БИТОЛА

    Две маскирани лица ноќеска истуриле животински измет пред општина Битола и со него ја испрскале општинската зграда, соопшти МВР.

    „На 31.05.2016 година во 02.40 часот од страна на обезбедувањето на Општина Битола било пријавено дека две непознати маскирани лица, околу 02.30 часот, од канта истуриле животински измет на подот пред влезната врата од Општината и го испрскале ѕидот, по што го напуштиле лице местото“, стои во денешниот билтен на МВР.

    Од изметот почнала да се шири непријатна миризба. Настанот во полиција го пријавило обезбедувањето на Општината, а утрово чистачки се обиделе да ги исчистат лепешките.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари