СО ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МВР ПО ВТОРПАТ ПРЕНЕСЕНО ЛИЦЕ СО МОЗОЧЕН УДАР ОД УНГАРИЈА ВО СКОПЈЕ

    СО ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МВР ПО ВТОРПАТ ПРЕНЕСЕНО ЛИЦЕ СО МОЗОЧЕН УДАР ОД УНГАРИЈА ВО СКОПЈЕЛицето е пренесено на скопскиот Клинички центар. (Фото: ЦУК)

    Македонски државјанин кој доживел мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија денеска беше превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК ).

    Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11 април.

    „Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од  Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Република Северна Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади. Конкретно, на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед. Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот ‘бел’ 412, во содејство со Министерството за здравство“, велат од ЦУК.

    Со хеликоптерот на МВР на 6 февруари беше  пренесен пациент на лекување во Виена. Хеликоптерот слета на хелиодромот кај ГОБ „8 Септември“ од каде пациентот беше преземен и транспортиран во Австрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира