СО ОВАА ВЛАСТ ВО СУД ВЕРУВА САМО ЛУД, ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ СТАНУВА ПОМАСОВЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ)

    СО ОВАА ВЛАСТ ВО СУД ВЕРУВА САМО ЛУД, ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ СТАНУВА ПОМАСОВЕН

    Антивладините демонстранти пред Собранието ги повикаа пратениците го дадат својот глас за сите закони што ги бара специјалната обвинителка Катица Јанева. Од говорница побраа сите институции да ги достават сите докази потребни за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да нема двојни аршини и селективна правда.

    Протестот пред Собранието од минута во минута станува се помасовен. Демонстрантите доаѓаат со транспаренти на кои пишува „Во ова власт со својот суд, верува само луд“, „Браво за Катица, многу ќе се возат во марица“, „Патот до правдата е СЈО“…

    Протестот почна со боење. Шарените револуционери, по три месеци пауза, го извадија најсилното оружје-валјаците, четките и бојата. На улицата пред Собранието, со црвена боја напишаа „Вашето време истече, време е за СЈО“.

    Еден час пред да почне протестот, со објаснување дека и се врши мобинг, обвинителката Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем, каде веќе четврт ден на дневен ред е Извештајот на СЈО. Таа најави дека повеќе не доаѓа на седници на Комисијата и дека ќе се појави само на пленарната седница.

    Полицијата уште напладне го обезбеди теренот до и околу Собранието. Постави метална ограда на сите места кои во претходните протести беа мета на Шарената револуција. Собранието е двојно заштитено. Еднаш со метална ограда која го ограничува пристапот до зградата и уште еднаш со скеле и заштитна мрежа поставени за чистење на фасадата од бомбите со боја на Шарена револуција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира