СО ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА, БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ДОБИ ДВЕ НОВИ МАГНЕТНИ РЕЗОНАНЦИ, ЕДНАТА Е ОТВОРЕНА И ПОГОДНА ЗА КЛАУСТРОФОБИЧНИ ПАЦИЕНТИ

    СО ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА, БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ДОБИ ДВЕ НОВИ МАГНЕТНИ РЕЗОНАНЦИ, ЕДНАТА Е ОТВОРЕНА И ПОГОДНА ЗА КЛАУСТРОФОБИЧНИ ПАЦИЕНТИМинистерот кажа дека станува збор за најнова технологија на отворен магнет со опција за ротирање и единствен од ваков тип за снимање на пациентот во стоечка положба. (Фото: К. Попов)

    Две томографски магнетни резонанци и ултразвучен апарат доби Градската општа болница (ГОБ)„8 Септември“ во Скопје, преку Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со Италијанската амбасада.

    Новиот дијагностички центар во Болницата, денеска го промовираа директорот на Болницата, д-р Христијан Костов, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Беким Сали, како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

    Директорот Костов кажа дека веќе имаат еден апарат за магнетна резонанца, на кој дневно се снимаат по 20 пациенти, а годишно околу 7.000 пациенти, а тоа, како што рече, е голема бројка за една установа.

     

    Веќе во тек е обука на кадарот од обучувачи од Италија . (Фото: К. Попов)

    „Со овие две магненти резонанци, ќе дојде до растеретување на 50 отсто на веќе поставениот апарат, и годишно ќе се зголеми борјот на пациенти до 8. 000 пациенти. Кај нас сега нема големо чекање за снимање, се чека една до две недели. Функционираат приоритетни упати, доаѓаат пациенти од цела држава. Персоналот им излегува во пресрет на приоритетните пациенти на кои им е потребна брза дијагностика.

    Од новите апарати, едниот има можност за ротација, особено за оние кои се клаустрофобични, и е од отворен тип во стоечка положба, прв во нашата држава и ќе биде од огромна полза“, рече д-р Костов.

    Министерот за здравство Беким Сали кажа дека апаратите се набавени во рамки на поголема набавка на повеќе апарати во вкупна вредност од 1.1 милион евра, додека за двете магнетни резонанци сумата изнесува 754.168 евра и спроведена е во рамки на Програмата.

    „Веќе во тек е обука на кадарот од обучувачи од Италија и за почеток се очекува дека фреквенцијата ќе биде по 15 пациенти дневно“, кажа Сали.

    Новиот дијагностички центар во Болницата, денеска го промовираа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Беким Сали, како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и директорот на Болницата, д-р Христијан Костов. (Фото: К. Попов)

     

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира