Денеска македонското небо официјално стана дел од системот на воздушното патролирање на НАТО. За таа цел, над Скопје беа организирани прелети со борбените воздухоплови Ф-16 и АВАКС на НАТО и се одржа демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.
„Денеска имавме прилика да видиме како целите и задачите на Алијансата се случуваат и пред наши очи, можевме да видиме како земјава е посилна и позаштитена. Сега и нашиот воздушен простор целосно се приклучи на НАТО воздушниот простор и целосно се гарантира нашата безбедност“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.