СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕТО

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕТОКоординаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев е еден од предлагачите на законските измени за пушењето. (Фото: СДК.МК)

    Со  41 глас „за“, Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски. 14 беа „против“ и имаше еден „воздржан“.

    Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог-законот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

    „Останува целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите во моментов нема да биде загрозено“, рече Тунтев.

    Пред гласањето, на говорницата излезе пратеникот на ДУИ Џевад Адеми, кој рече дека ќе гласа против измените на законот, бидејќи се загрозува здравјето не само на пушачите, туку и на непушачите. Дека ќе гласа против се изјасни и пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска. Пратеникот на ЛДП Горан Милевски се пријави за збор да каже дека ќе ја напушти салата кога ќе биде гласањето за да нема кворум. Независната пратеничка од владејачката коалиција Ивана Туфегџиќ од говорницата го поддржа законот, бидејќи, како што кажа, станува збор за измени само во врска со пушењето на тераси со фолии. Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, пак, кажа дека законските измени претставуваат чекор назад.

    Листингот од гласањето:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира