Собранието со 100 гласови „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Претседател на ДИК е поранешниот пратеник Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а од истата партија член е Елизабета Постоловска. Членови од СДСМ се Јанаки Витановски, Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, и Радица Ристевска. Од ДУИ, член и потпретседател на ДИК е Дитмире Шеху и член од Движењето Беса е Енвер Салију.
Во продолжението на седницата, набрзина беа изгласани и измените на Изборниот законик, Законот за Влада и на Законот за финансирање на партиите, сите по скратена постапка. Овие законски измени беа договорени на лидерската средба во понеделникот.
Г. ТРПЕНОСКИ