СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ГРУЕВСКИ САКАШЕ ДА ГО ТЕПА ЏАФЕРИ

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ГРУЕВСКИ САКАШЕ ДА ГО ТЕПА ЏАФЕРИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се обидува да му ја земе картичката за гласање на спикерот Талат Џафери пред гласањето за Законот за употреба на јазиците. (Фото: М. Златевска)

    Собранието, по куса пауза по инцидентот со Никола Груевски, го изгласа Законот за употреба на јазиците со 64 гласа „за“ без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

    Веднаш по гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери, а Груевски повторно се качи на подиумот кај спикерот и пробуваше да му ја извади каричката за гласање на Џафери, но овојпат не успеа, бидејќи пред него застана собраниското обезбедување.

    Претходно, Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира