СОБРАНИЕТО ГО РАЗРЕШИ ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ПО ТРИ ДЕНА РАСПРАВА, НА РЕД Е ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    СОБРАНИЕТО ГО РАЗРЕШИ ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ПО ТРИ ДЕНА РАСПРАВА, НА РЕД Е ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАПретседателот на Собранието Талат Џафери апелираше пратениците да бидат достапни и да очекуваат нова седница за војната во Украина. (Фото: СДК.МК)

    По тридневна расправа, Собранието го разреши пратеникот на Беса Фадил Зендели од од Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За разрешувањето на Зендели гласаа 61 пратеник, немаше против, ниту воздржани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала на гласањето.

    Традиционално, во 13-члената комисија, мнозинство има парламентарното мнозинство (7:6), и Фадил Зендели беше избран за член кога Беса беше дел од власта, но во ноември Беса ја смени страната и заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица се обиде да создаде ново парламентарно мнозинство. Обидот пропадна и потоа Алтернатива влезе во владината коалиција и стана дел од парламентарното мнозинство.

    Но, Зендели остана член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и сега опозицијата има мнозинство таму. Зендели во декември поднесе оставка од позицијата потпретседател на Собранието и во оставката наведе дека Беса делува како опозиција.

    Комисијата за прашања на изборите и именувањата е клучна за функционирањето на Собранието и многу други државни институции, бидејќи преку неа одат сите назначувања што се во надлежност на Собранието.

    По разрешувањето на Зендели, претседателот на Собранието Џафери ја прекина седницата и најави дека денеска ќе се одржи седница за Предлог-декларација за состојбата во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира