СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ПРЕОДНАТА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ПРЕОДНАТА ВЛАДА

    Собранието ги избра новите министри во техничката влада која треба да ги спроведе изборите на 11 декември. Во кусата расправа, премиерот Емил Димитриев, во образложение на предлогот за министри, рече дека очекува од сите членови на владата висока посветеност и да работат совесно и одговорно.

    Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, а Оливер Андонов, кој беше министер нецели 24 часа, ќе биде дополнителен заменик министер. Фросина Ременски е министер за труд и социјала. Дополнителен заменик-министер за финансии ќе биде Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство е Љупчо Николовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира