СОБРАНИЕТО ЌЕ И ДОЗВОЛИ НА ВЛАДАТА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА КОЛКУ ШТО САКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО ЌЕ И ДОЗВОЛИ НА ВЛАДАТА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА КОЛКУ ШТО САКА

    Собранието нема да става лимит на задолжувањата на Владата, затоа што тие партии победиле на избори, решија вчера мнозинството пратеници во Комисијата за финансирање и буџет.

    Пратениците од власта го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за измени во Законот за јавен долг според кој за задолжувања поголеми од 100 милиони евра ќе треба да одлучува Собранието.

    Трајанов рече дека не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг и да нема стратегија каде ќе одат парите. „Ако тие се за клиентелизам и пред избори, ќе биде неодговорно“, рече тој.

    Владејачката коалиција смета дека не може пратениците во Собранието да одлучуваат за износот на задолжувањата, туку тие што ќе победат на избори. Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на Македонија рече дека за стратегиите за финансирање и водење на политиките ги добиваат и спроведуваат тие што ќе победат на избори. „Да се врши задршка до кој износ треба да биде еврообврзницата, тоа го нема во ниту една земја“, рече Авировиќ.

    Опозицијата бара законодавниот дом да има поголема контрола, затоа што Владата постојано зема нови кредити и не објавува за што се трошат парите.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира