СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ПРИФАТИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ДИМИТРОВ

    СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ПРИФАТИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ДИМИТРОВПо интерпелацијата за министерот за надворешни работи, на ред се интерпелациите за министрите Љупчо Николовски и Мила Царовска. - Никола Димитров на седница на Влада (архивска фотографија)

    Интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатена во Собранието, откако нешто пред полноќ „за“ гласаа 43 пратеници, „против“ беа 56, а немаше воздржани.

    ДАЛИ ЌЕ БЕВТЕ ЗАДОВОЛНИ АКО МАКЕДОНИЈА НЕ БЕШЕ УСПЕШНА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, ИМ СЕ ОБРАТИ ДИМИТРОВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    По гласањето, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина расправата и продолжението на седницата го закажа за утре во 16 часот. На дневен ред на седницата се интерпелацииите за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, исто така, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира