Марија Ѓоргева, Енѓелуша Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Валентина Бислимовска се новите обвинители на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција што ги избра денеска на долга седница Советот на јавни обвинители. На четворица нивни колеги, меѓу кои и Златко Биковски од „Пуч“ и Владимир Милошевски од „Поткуп“, каде обвинет е премиерот Зоран Заев, им истече претходно мандатот, по што тие се враќаат во обвинителствата од кај што дошле.
Според изјавата на Коле Штериев, претседател на Советот, на досегашните функции продолжуваат во ОЈО за организиран криминал обвинителите: Вилма Русковска, Наум Пановски и Сузана Мирчевска.
С. К. ДЕЛЕВСКА