СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ МОЛИ ДА НЕ ГИ УКИНАТ БАРЕМ ДО НОВА ГОДИНА

    СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ МОЛИ ДА НЕ ГИ УКИНАТ БАРЕМ ДО НОВА ГОДИНАОдлуката да ги укинат в сабота ја сметаат за избрзана. - Претседателот на Советот, Сашо Поцевски (Фото: Мета)

    Советот за утврдување на факти, што треба да биде укинат в сабота, побара од Собранието на Република Македонија и од Министерството за правда да го одложат донесувањето на овој предлог-закон и да му ја продолжат работата до нова година.

    Тој предложил во предлог-законот да биде вклучен член, што ќе овозможи решението за укинување да стапи на сила во почетокот на наредната година.

    „Ако на членовите и на вработените во Советот им заврши мандатот сега, со тоа ќе се оневозможи примопредавањето на предметите и архивата во Судскиот совет. Исто така, оваа одлука се носи на крајот на календарска година, со што членовите и вработените во Советот ќе бидат оштетени во остварувањето на нивните права од законот за пензиско и инвалидско осигурување“, стои во соопштението на Советот за утврдување на факти.

    Предлог-законот кој предвидува укинување на ова тело треба да биде изгласан на собраниската седница в сабота.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира