СОЗДАДЕНИ СЕ СИТЕ ОКОЛНОСТИ ВЛАДАТА ДА ГО ЗАСИЛИ ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, МУ РЕКОЛ БЕЈЛИ НА ЗАЕВ

    СОЗДАДЕНИ СЕ СИТЕ ОКОЛНОСТИ ВЛАДАТА ДА ГО ЗАСИЛИ ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, МУ РЕКОЛ БЕЈЛИ НА ЗАЕВДржавните институции да ги имплементираат препораките на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.(Фото.Влада на РМ)

    Државните институции да ги имплементираат препораките на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, му препорача амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли на премиерот Зоран Заев на денешната средба, соопштија од Владата.

    Амбасадорот Бејли  на денешната средба со премиерот Заев во Владата му честитал за успешно завршениот изборен процеси и потенцирал дека сега е добро време и дека се создадени околности владата да се фокусира поинтензивно на најавените и започнатите реформски процеси, особено во делот на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција на национално и на локално ниво.

    Премиерот Заев потенцирал дека инсистира на чесно, одговорно и отчетно спроведување на политиките на централната и на локалната власт, и дека за сите отстапувања од овие принципи ќе следуваат реакции на институциите кои треба да го спроведуваат законот еднакво за сите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари