СПАСОВ Е ИЗМАМНИК, ОДГОВОРИ АХМЕТИ НА ВИЦОТ НА ПРОФЕСОРОТ ЗА НУСЕТО ВО СИТИ МОЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СПАСОВ Е ИЗМАМНИК, ОДГОВОРИ АХМЕТИ НА ВИЦОТ НА ПРОФЕСОРОТ ЗА НУСЕТО ВО СИТИ МОЛ

    Али Ахмети го нарече измамник и соработник на Слободан Милошевиќ, Ѓорѓи Спасов, поранешен пратеник и министер, кој на својот фејсбук профил постираше виц во кој главен лик е лидерот на ДУИ.

    Спасов под наслов „Виц за Али Ахмети“, го постираше следново:

    Фејсбук објавата на професорот Спасов од 13 февруари

    Фејсбук објавата на професорот Спасов од 13 февруари

    „Тргнал Али Ахмети со сопругата да се прошета по Сити Мол во Скопје и гледа голема група на граѓани со транспаренти на кои пишува: ” Нусе. Дај му на Али! ” Нусе дај му на Ахмети” “Аман Нусе дај му на човекот.” Се чуди Али Ахмети и го прашува Артан Груби што сакаат да му кажат овие што протестираат со вакви пароли. А Артан му објаснува. “А бе шефе. Сакаат да кажат. Дај му бе Нусе на Али доста нас не еб..е“

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на својот фејсбук профил одговори со контра објава раскажувајќи една анегдота поврзана со професорот Спасов.
    “На 10-11 мај 2003 година, организацијата ПЕР (Проект за етнички релации) организираше конференција за меѓуетничката коалиција во Македонија на која беа поканети претставници на политичките партии и меѓународната заедница во Маврово. Меѓу другите бев поканет и јас.
    Фејсбук реакцијата на Али Ахмети објавена пред неколку часа

    Фејсбук реакцијата на Али Ахмети објавена пред неколку часа

    Ми остави впечаток еден коментар на претседателот на организацијата Ален Касоф, за еден од присутните за време на вечерата за запознавање на гостите. Касоф му рече на овој пратеник дека го познава и дека се сретнале порано. Но, пратеникот не се сеќаваше на оваа средба, иако бојата на неговото лице се смени и се гледаше дека тој беше ставен во незгодна ситуација. Пред присутните Касоф рече дека ова лице го видел за време на една непријатна средба со Милошевиќ во Белград и дека нема никогаш да го заборави лицето на овој поранешен пратеник. На средбата меѓународните гости го прашале Спасов за патот до Зоолошката градина. Касоф рече дека никогаш нема да го заборави тоа лице бидејќи ни создаде многу болка поради неговата измама што ни ја направи. Овој измамник -соучесник и истомисленик на Милошевиќ беше токму Спасов, кој денес ни се претставува под маската на модерниот интелектуалец и се обидува со навреди и без трошка човечко и семејно воспитување да влијае врз јавното мислење и да се прави “интересен“ како задоцнет адолесцент чијопштествено политички воз одамна е заминат“.

    Професорот Ѓорги Спасов уште не му одговорил на лидерот на ДУИ на својот фејсбук профил.

    САКАМДАКАЖАМ.МК не можеше од свои извори да ја потврди вистинитоста на приказната на Ахмети, иако настанот од 2003 година е документиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира