СПАСОВСКИ И РЕМЕНСКИ СЕ ВРАЌААТ ВО ВЛАДАТА, АРГИРОВА УРЕДНИК ВО МРТВ ЗА ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СПАСОВСКИ И РЕМЕНСКИ СЕ ВРАЌААТ ВО ВЛАДАТА, АРГИРОВА УРЕДНИК ВО МРТВ ЗА ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    Кандидатите на опозицијата Оливер Спасовски и Фросина Ременски денеска треба да бидат назначени за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика во Владата за спроведување на изборите и Санта Аргирова треба да биде назначена за главен уредник на информативната програма на МРТВ за да се запази рокот од 100 дена до изборниот датум (11 декември) со што ќе биде исполнета последната точка од Договорот од 20 јули.

    Покрај овие три имиња, Собранието денеска треба ги избере и кандидатите на опозицијата за дополнителни заменик министри: Кире Наумов  за финансии, Александар Кирацовски за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство. Листата на кандидати на СДСМ е идентична со онаа од претходната Влада за спроведување на изборите, избрана на крајот од минатата година.

    Привремената влада, уредничката позиција во МРТВ и петтиот член на ад хок телото за следење на медиумите во предизборниот процес беа договорени на завчершната лидерска средба во Клубот на пратеници. Љуљзим Хазири вчера беше избран за петти член на ад хок телото од четворицата членови предложени од партиите, а Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја усвои методологијата за следење на предизборното медиумско претставување.

    Претходно, според договореното од 20 јули, од Избирачкиот список отпаднаа 30.582 од спорните 39.502, откако само 8.922 се пријавија на отворениот повик на ДИК да  го потврдат своето право на глас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира