СПИРО РИСТОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР ЗА 27 АПРИЛ, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА

    СПИРО РИСТОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР ЗА 27 АПРИЛ, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТАПокрај ексминистерот Спиро Ристовски, осомничен за организација на нападот во Собранието на 27 април 2017 е и експремиерот Никола Груевски, но тој е недостапен за Обвинителството за организиран криминал и корупција, бидејќи доби азил во Унгарија. (архивска фотографија)

    Бившиот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор во затворот во Шутка, каде што е од 20 февруари кога беше уапсен како осомничен за организација на нападот во Собранието на 27 април 2017 година, објави државната агенција МИА. Апелациониот суд денеска ја одбил неговата жалба откако претходно на јавна седница Ристовски тврдеше дека нема намера да бега, ниту да влијае на сведоци затоа што бил уверен дека ќе ја докаже дека не е виновен.

    Истовремено уапсен и притворен со Ристовски беше уапсен и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но тој беше пуштен во куќен притвор два дена подоцна. Од останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, експремиерот Никола Груевски е во бегство, исто како и Никола Бошковски од УБК, а Владимир Атанасовски, ексдиректор во УБК, од поодамна е во притвор во затворот во Шутка. За пратеникот Трајко Вељаноски беше побаран притвор, но Собранието не му го одзеде имунитетот.

    Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска претходно најави дека обвинението за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017 ќе биде подигнато најдоцна до крајот на мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира