СПИСОКОТ СО УСЛОВЕНИ ОСТАВКИ НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ, ПОРАСНА НА 30-ТИНА ЛУЃЕ

    СПИСОКОТ СО УСЛОВЕНИ ОСТАВКИ НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ, ПОРАСНА НА 30-ТИНА ЛУЃЕКој како доаѓа на смена, се приклучува во поддршката на инструкторите кои бараат разрешување од задолженијата и враќање на нивната основна работа – контролори на летање, зашто УО не им потпишува на најдобрите 8 да заминат на обука во Данска. (Фото:СДК.МК)

    Списокот на инструкторите во МНАВ кои поднесоа оставки од процесот на тестирање на кандидати за контролори на летање, зашто директорот на МНАВ не сакал да потпише најдобрите осуммина да го почнат школувањето во Данска, порасна на 30 души. Кој како доаѓа на смена, се приклучува во поддршката на инструкторите кои бараат разрешување од задолженијата и враќање на нивната основна работа – контролори на летање.

    Дополнетите имиња на контролори на летање се оставаат кај секретарката на директорот на управниот одбор на МНАВ Фахрудин Хамиди, а потоа се архивираат.

    „Се обединивме сите контролори на летање, главно Македонци и Албанци. Не е првпат, ние секогаш сме единствени. На списокот вчера бевме 12 контролори, но кој како доаѓа на смена од колегите, се потпишува за поддршка. Директорите, односно Управниот одбор не смеат да го одолговлекуваат потпишувањето и да го носат огласот кон пропаѓање. На 20 ноември итекуваат 90-те дена и ако не се заврши со процедурата на парафирање на 8-те најдобри кандидати кои фис-тестот и другите тестови на знаење и лекарски прегледи ги поминаа со најдобри резултати, оставките ќе ги реализираме. Мора веднаш УО да ја заврши процедурата и кандидатите да заминат во тренинг-центарот во Данска каде ќе го почнат школувањето“, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање.

    И додека расте списокот на контролори на летање кои негодуваат што управниот одбор ја одолговлекува постапката на испраќање на најдобрите кандидати, селектирани од Данскиот тренинг-центар и од комисијата за спроведување на селекцијата од МНАВ, управниот одбор предводен од директорот Хамиди го демантира синдикатот, но дури по два дена откако синдикатот и здружението ја отворија темата во САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Иако Хамиди изјави дека од Данскиот тренинг – центар има ранг-листа, но дека бара од него дополнителен детален извештај тие што паднале, зошто не положиле, но и зошто баш тие 8 се избрани од пријавените 270 кандидати на огласот, тој си го повлекува зборот.

    „Не се точни тврдењата и шпекулациите дека ние како институција не им веруваме на данските експерти, напротив имаме одлична соработка со нив и нивното меѓународно реноме. Исто така, не се точни тврдењата дека Управниот одбор има дадено изјава дека го оспорува изборот на 8-те кандидати или дека кандидатите не се вистинскиот избор, напротив процесот не е едноставен и се спроведува според акциониот план на М-НАВ“, наведува М-НАВ во демант на тврдењата на синдикатот.

    Не синдикатот, самиот Хамиди изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК дека бара аргументи од економскиот оператор – зошто кандидатите паднале, односно положиле, што упатува на недоверба во реномираниот тренинг-центар од Данска „Гејт авиејшн тренинг“, кој ги школува контролорите на летање од Германија, Холандија, Италија и од останатите европски држави.

    Синдикатот и Здружението на контролори на летање најпрво ја анимираа јавноста дека испратиле писмо до УО составен од директорите Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски со ко протестираат дека изборот и обуката на нови контролори на летање ја сфаќаат како партиска агенда.

    Претседателот на синдикатот Александар Тасевски во детали објасни како децата на директорите и тие на функционерите од власта отпаднале за натамошното тестирање, бидејќи фис-тестот на Еуроконтрол не го положиле ни во првиот дел. Директорите извршиле притисок само 26 од паднатите во првиот циклус, нивни и деца на функционери да полагаат уште еднаш, но ниту еден од тие 26 не го положил ни поправниот прв дел од строгиот фис-тест на Еуроконтрол.

    Синдикатот и здружението на контролори на летање тврдат дека тројцата момци со најдобри резултати по националност Албанци не биле важни, бидејќи немало никој меѓу нив од списокот од партијата.

    Владата вчера повика МНАВ да ги почитува строгите правила на Еуроконтрол и на Македонската навигација (МНАВ) да ги следи строгите правила на Еуроконтрол на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на кој што е членка.

    Вицепремиерката Славица Грковска, пак, во статус на Фејсбук напиша дека членовите на УО и на НО на МНАВ мора да дадат одговор дали го загрозуваат конкурсот на контролори на штета на квалитетните кадри и на штета на безбедноста на сите нас.

    „Одговорност мора да има“, напиша таа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира