СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ТРЕБА ДА ПОЧНАТ СО ОНЛАЈН НАСТАВА, ПОРАДИ ПРИТИСОКОТ ВО БОЛНИЦИТЕ СО КОВИД БОЛНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ТРЕБА ДА ПОЧНАТ СО ОНЛАЈН НАСТАВА, ПОРАДИ ПРИТИСОКОТ ВО БОЛНИЦИТЕ СО КОВИД БОЛНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВладата треба да ја донесе конечната одлука, а Комисијата за заразни болести ја препорача да нема дополнителен протисок врз болниците во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Учениците од средните училишта во Тетово и во Гостивар да ја почнат учебната година со онлајн настава, а учениците од основното образование да одат со физичко присуство, кажа министерот Венко Филипче во Тетово по средбата со градоначалничката Теута Арифи. Со онлајн настава, според препораката на Комисијата за заразни болести, треба да се почне во првите две недели, а потоа ќе се следи ситуацијата. Конечната одлука за тоа треба да ја донесе Владата.

    „Ваквата одлукаво Комисијата ја донесовме поради ситуацијата со болниците, и не сакаме да се случи дополнителен притисок. Добро е што постепено се намалуваат, и добро е што се отвораат дополнителни пунктови за вакцинација. До неодамна процентот на вакцинираност во Тетово беше 23 отсто, а сега е 35 отсто“, кажа Филипче.

    Министерката за образование и наука Мила Царовска утрово кажа дека Комисијата за заразни болести разговарала за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, за учебната година да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците и невакцинираните наставници да се тестираат еднаш неделно на нивна сметка,  но дека одлуката ќе ја донесе Владата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира