СТАНБЕНИОТ СЕКТОР ИМА ПОТРЕБА ОД ИНВЕСТИЦИИ ОД НАЈМАЛКУ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    СТАНБЕНИОТ СЕКТОР ИМА ПОТРЕБА ОД ИНВЕСТИЦИИ ОД НАЈМАЛКУ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТОТркалезната маса е дел од комплексен проект кој вклучува проценка на големината на пазарот и потенцијалот за инвестирање во енергетска ефикасност на колективните станбени згради во Македонија.

    На македонскиот станбен сектор му се потребни инвестиции од најмалку 300 милиони евра во згради со колективно домување, вложување кое може да се исплати за 5-8 години, преку заштеда потрошувачката на енергија, со што значајно ќе се намали и загадувањето на воздухот. Ова е прелиминарната проценка на здружението за едноставно, пристојно и достапно домување Хабитат Македонија, претставена на тркалезна маса за развој на пазарот во секторот домување, со фокус на енергетската ефикасност, одржана денеска во Скопје.

    „Прелиминарните проценки покажуваат дека македонскиот станбен сектор во згради со колективно домување има потреба од инвестиции вредни најмалку 300 милиони евра и дека ова вложување може да се исплати во период од 5-8 години, преку заштеда на 30-50% од потрошувачката на енергија за греење и ладење, што претставува 60-70% од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата во Македонија. Дополнително, намалената потрошувачка на енергија од домаќинствата значајно ја намалува емисијата на CO2 и други загадувачи на воздухот, што е долгогодишен проблем во македонските градови“, изјави Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија.

    Тркалезната маса е дел од комплексен проект кој вклучува проценка на големината на пазарот и потенцијалот за инвестирање во енергетска ефикасност на колективните станбени згради во Македонија, преку систематска анализа на станбениот фонд, комбинирана со проценки за трошоците за енергетска реконструкција и обнова, како и долгорочните ефекти на ваквите зафати.

    На тркалезната маса учествуваше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и триесетина претставници на бизнис секторот и релевантни чинители од областа на енергетската ефикасност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира