ФЕТАИ УНАПРЕДЕНА ВО ВИШ ОБВИНИТЕЛ, СТЕФАНОВА, ПЕЛИВАНОВ, АЈРО, КОЛАРЕВИЌ И ПОПТРАЈКОВА ИЗБРАНИ ЗА ОБВИНИТЕЛИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

    ФЕТАИ УНАПРЕДЕНА ВО ВИШ ОБВИНИТЕЛ, СТЕФАНОВА, ПЕЛИВАНОВ, АЈРО, КОЛАРЕВИЌ И ПОПТРАЈКОВА ИЗБРАНИ ЗА ОБВИНИТЕЛИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛОгласот за двата избора беше распишан пред повеќе од 6 месеци. (Фото: МИА/принтскрин)

    Обвинителите Лиле Стефанова, Катерина Коларевиќ, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Наташа Поптрајкова на денешната јавна седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

    Стефанова, Пеливанов и Ајро се од поранешното СЈО, Коларевиќ од Скопското, а Поптрајкова од ОЈО Струмица.

    Највисоки оценки од сите 14 пријавени кандидати добија обвинители од поранешното СЈО.

    Покрај овој избор, унапредени се уште пет обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. За виши јавни обвинители денеска се избрани: Јавниот обвинител на Скопје Сашо Рајчев, обвинителите од поранешното СЈО Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, Наум Пановски од обвинителството за организиран криминал и корупција и Снежана Бундалевска-Георгиеска од ОЈО Скопје.

    Огласот за двата избора беше распишан пред повеќе од 6 месеци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира