СТЕВЧО И БУЧКО НЕКОГАШ СОПАРТИЈЦИ, НА ОВИЕ ИЗБОРИ ПРОТИВНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТЕВЧО И БУЧКО НЕКОГАШ СОПАРТИЈЦИ, НА ОВИЕ ИЗБОРИ ПРОТИВНИЦИ

    Поранешните сопартијци од СДСМ Владо Бучковски и Стевчо Јакимовски, министер за економија во владата на експремиерот Бучковски, во раните утрински часови срдечно муабетеа чекајќи ги резултатите од гласањето за претседател на САД, во хотелот „Александар Палас“.
    Настанот беше организиран од Американската амбасада во Скопје.
    На 9 октомври Алијансата за позитивна Македонија, кога за претседател на Советот на партијата беше избран Владо Бучковски, донесе одлука Партијата да стапи во разговори и преговори со опозициониот блок предводен од СДСМ, за влез во коалиција со партиите од левиот блок и политичкиот центар. Неофицијално, на едно од недобитните пратенички места резервирани за коалицијата, веќе е ставен Рубин Земон, претседател на партијата.
    Јакимовски со неговата партија ГРОМ на изборите на 11 декември ќе настапи во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој му беше лут политички непријател на Груевски кога беше во СДСМ, но на локалните избори во 2013 самостојно настапи и од тогаш започна да ја напаѓа опозицијата, а да ја фали власта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира