СТОИМЕ ЗАД ПОТЕЗИТЕ НА НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО

    СТОИМЕ ЗАД ПОТЕЗИТЕ НА НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРОПрашан зошто Македонија веднаш даде поддршка за апсењето на Мадуро кога дел од европските земји рекоа дека со овој напад се крши меѓународното право, Мицкоски рече дека истите тие земји молчеле кога се кршело меѓународното право во случајот со нашата земја. (Фото: К. Попов)

    Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен.

    Прашан зошто Македонија веднаш даде поддршка за апсењето на Мадуро кога дел од европските земји рекоа дека со овој напад се крши меѓународното право, Мицкоски рече дека истите тие земји молчеле кога се кршело меѓународното право во случајот со нашата земја.

    „Она што мене најмногу ме загрижува е што во минатото имаше громогласна тишина од тие европски и светски земји кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Тогаш сите тие оглувеа и никој не го коментираше тоа. И сега сите коментираат дали било меѓународно право или не било. Познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународно-правни експерти. Јас би го оставил тој коментар на меѓународно-правните експрти“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на нова градинка во Општина Сопиште.

    Вчера и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го поздрави апсењето на Мадуро.

    „Ја поздравуваме објавата на претседателот Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така сакам да го пофалам државниот секретар Марко Рубио за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалната мрежа на режимот на Мадуро. Одговорноста е важна. Стоиме со САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, напиша Муцунски на социјалната мрежа Икс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира