Република Илинденска Македонија е предлогот кој што го договоривме со грчкиот премиер Алексис Ципрас и јас Зоран Заев, премиер на Македонија, стојам зад овој предлог и барам да ме поддржите, рече Заев по денешната лидерска средба, одбивајќи да коментира дали е обезбеден консензус за овој предлог и притоа упати за тоа јавноста да слушне од претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Заев рече дека ќе ја тера постапката за овој предлог и најави референдумско изјаснување на граѓаните ако за него се постигне консензус.
На грчката јавност ѝ се обрати дека со овој предлог дефинитивно се разграничува територијата на нашата држава од регионот Македонија. Предложеното име, рече Заев, ќе биде за севкупна употреба и за внатре и за во светот и за тоа ќе се исполнат сите неопходни промени и процедури. Кодовите „мк“ и „мкд“ ги задржуваме, јазикот и идентитетот ги задржуваме македонски, тврди Заев.
С. К. ДЕЛЕВСКА