РЕШЕНА СУМ ДА ЈА ИСПОЛНАМ ЦЕЛТА НА СЈО, ЈАНЕВА СЕ СРЕТНА СО СТОЛТЕНБЕРГ ВО ЕДЕН СКОПСКИ РЕСТОРАН

    РЕШЕНА СУМ ДА ЈА ИСПОЛНАМ ЦЕЛТА НА СЈО, ЈАНЕВА СЕ СРЕТНА СО СТОЛТЕНБЕРГ ВО ЕДЕН СКОПСКИ РЕСТОРАНЈанева му предава значка на СЈО на генералниот секретар на НАТО. За состанокот на Столтенберг и Јанева јавноста не беше претходно известена и не е познато за што разговарале. - Катица Јанева и Јенс Столтенберг (фото: СЈО)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Стoлтенберг се сретна и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Разговорот на Столтенберг со Јанева се случил во еден ресторан по неговото обраќање пред пратениците во Собранието, непосредно пред да замине во Владата на официјалната церемонија и средба со премиерот Зоран Заев.

    Од Специјалното јавно обвинителство ја потврдија оваа информација.

    Од таму соопштија дека Јанева го информирала Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано.

    „Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО“, стои во соопштението од СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира