Мултинационалните компании кои се присутни во Македонија со домашните фирми најчесто соработуваат во делот на услугите, додека многу малку соработуваат за набавка на потребните суровини и машини оти или тешко доаѓаат до нив или ги нема. Најголемите забелешки од мултинационалните компании во однос на соработката со домашните е дека тие се недоволно технолошки развиени, немаат соодветни сертификати и стандардизација во работата и немаат доволен капациет за да ги задоволат нивните потреби. Ова се главните заклучоци од истражувањето „Соработуваат ли домашните и странските компании во Македонија и како да се надмине јазот?“, што го реализираше невладината „Фајнанс тинк“ со финансиска поддршка од Европската Унија.
„Според нив, тоа се должи на главните недостатоци кај домашните компании, односно недоволен технолошки развој, недостаток на сертификати и ограниченост на производствените капацитети. За разлика од странските компании, 56 отсто од домашните компании сметаат дека нивните капацитети се добри, и 74 отсто имаат некјаков снадард или сертификат, но тие не се оние што ги бараат мултинационалните компании“, рече Ива Трајковска од „Фајнанс тинк“.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кажа дека и самиот не е задоволен од соработката меѓу домашните компании и странските инвестиции, и дека странските инвеститори во земјава главно купуваат вода, струја, храна и гас, нешто што по дефиниција на нештата што мора тука да го набават.
Според него, за оваа состојба има повеќе причини, односно дел од компаниите произведуваат полупроизводи и не можат за набавка на суровини да ангажираат допмашни подизведувачи, бидејќи се ограничени од крајните купувачи. Дел од компаниите кои прават финални производи може да купауваат суровини од овде, но дека тука прашањето е колку домашшните компании се конкурентни со квалитет и цена.
„Годинава над 250 компании ќе бидат поддржани од Владата да направат технолошки напредок. За следната година овие средства ги зголемивме за 37 отсто. Државата може да им биде партнер да им даде поддршка да инвестираат и да дојдат до знаење и едукација за менаџерите како се управува со една фирма за коорпоративно управување. Сѐ останато е во капацитетот на претприемачите и нивната инвентивност и државата тука не треба да се меша. Задоволен сум од тоа што се случува во индустријата која расте со 7 отсто, има раст од 14 отсто на извозот, а 10 отсто на увозот, имаме 4 отсто нето позитивен ефект, а оваа соработка со домашните компании и таа разлика треба да се зголемува“, рече Анѓушев.
Е. БОЧВАРОСКА