Палмите во центарот на Струмица, утрово осамнаа со напишани пораки како револт на струмичани од неповлекувањето на одлуката за аболиција од страна на претседателот Иванов, но и поради тоа што се уште не е повлечена одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни.
Пораките напишани на транспаренти од стиропор се дел од барањата на струмичани кои со денови протестираат по улиците но и познати изреки од опозициските бомби. „Ало началниче“ , „Готово е“, „Народот ке ве казни“, „Хорхе фикус“, „Подршка на СЈО“ се дел од пораките што осамнаа на палмите во центарот на Струмица, каде речиси секоја ноќ се протестира