СТУДЕНТИТЕ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ УКИМ ЗА ДА СПРЕЧАТ ИЗБОР НА РЕЖИМСКИ СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТУДЕНТИТЕ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ УКИМ ЗА ДА СПРЕЧАТ ИЗБОР НА РЕЖИМСКИ СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР

    Студентите за утре повикуваат на блокада на сите влезови на комплексот факултети на УКИМ, за да се спречи, како што велат, нелегален и криминален избор на нов режимски студентски “лидер”.
    Целта на болкадата е да го вратат највисокот претставничко тело во рацете на студентите.
    „Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот“, стои во повикот за бојкот на Студентскиот пленум.
    Тие утре ќе го блокиаат влезот до гласачките места со цел да не се одржи гласање за
    претседателот на СПУКМ кој според нив,  е највисокиот претставник на студентите. Тој одлучува кој ќе биде следниот ректор на универзитет, тој седи во наставно научен совет, тој одлучува дали парите на студентите ќе се трошат за студентски журки или студентски домови и тој ќе биде оној кој кога ќе има студентски протести ќе излезе и ќе им се придружи наместо да ги дискредитира.
    Студентскиот пленум во повикот на бојкот појаснува оти блокирањето на избори не е кривично дело.
    „Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на
    граѓаните на референдум. Кривичниот законик не ги дефинира изборите за претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело“, објаснуваат пленумците.
    И Шарена револуција ги повика своите активисти и приврзаници да ја поддржат блокадата на пленумците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари