СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА ПРЕКУ КАРТИЧКА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

    СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА ПРЕКУ КАРТИЧКА ОД ШПАРКАСЕ БАНКАНаменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што и е важно секој студент да ја подигне навремено. (Фото: Шпаркасе)

    Исплатата на студентскиот оброк за престојната академска 2023/24 година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која за оваа намена Шпаркасе Банка ќе ја издаде во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) на платежна платформа на Виза, соопшти банката. Картичката ќе обезбеди наменско користење на доделените средства во дневен износ од 140 денари, за купување приготвена храна и прехранбени производи, а студентите ќе може да ја користат од понеделник до сабота (не и во државни празници), кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи.

    Наменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што и е важно секој студент да ја подигне навремено.

    МОН денеска за бруцошите кои ќе ја почнат студентската година на 1 октомври го објави јавниот повик за пријавување. Министерството ќе ја спроведе постапката преку специјална онлајн платформа, преку која ќе може да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети според насоките што се објавени на официјалната веб-страница.

    По завршување на повикот, Шпаркасе банка ќе контактира со селектираните студенти, на податоците за контакт (мобилен телефон / имејл-адреса) кои за оваа намена ќе бидат споделени на онлајн платформата на МОН, за тие да добијат конкретни насоки околу понатамошните активности. Банката ќе лансира и сопствена онлајн платформа преку која ќе треба да се изврши ажурирање на личните податоци, заради непречено и брзо обезбедување на сите законски предуслови за добивање на картичките.

    Доставата на картичките ќе се одвива во текот на септември, а секој студент ќе добие навремена информација за местото и за времето на подигнување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира