СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА ОДЛОЖЕНО ЗА 18 ЈАНУАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА ОДЛОЖЕНО ЗА 18 ЈАНУАРИ

    Судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено, овојпат поради болест на Куновски, јави агенцијата „Мета“, повикувајќи се на „24 Вести“.

    Судењето е презакажано за 18 јануари следната година.

    Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната канцеларија, за време на протестите против одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 лица – политичари и нивни соработници.

    Јавното правобранителство штетата ја процени на 522.000 денари, односно околу 8.500 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира