СУДИИ И СУДСКИ АДМИНИСТРАТИВЦИ ДОНИРААТ КРВ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД

    СУДИИ И СУДСКИ АДМИНИСТРАТИВЦИ ДОНИРААТ КРВ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУДДоброволното давање крв ќе трае до 14 часот. - Претседателот на Основен суд Скопје 2 Илир Сулејмани (Фото: СДК.МК)

    Судии и вработени во Основниот суд Скопје 2 денеска се во доброволна крводарителска акција што си ја организирале самите, во просториите на судот.

    Акцијата иако е наша, вели портпаролката на Граѓанскиот суд Сања Томиќ Велкоски, е отворена за сите судии и вработени во судската администрација. Утринава се пријавиле 31 вработен од овој суд, но доброволното давање крв ќе трае до 14 часот.

    Оваа акција е во соработка со Црвениот крст на општина Центар, а Основниот суд Скопје 2 ја организира по повод Денот на правосудството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира